Џејми Ли Кертис за „Медена земја“: „Колку совршен филм во овој момент, запрепастена сум“!

387

Американската актерка Џејми ли Кертис на Твитер напиша дека филмот „Медена земја“ е совршен во овој момент.

„Медена земја е зачудувачки. Алчност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Упорност. Запрепастена сум“, напиша Кертис.

Претходно воодушевување од македонскиот документарен филм, кандидат за Оскар во две кетагории, изрази и актерка Сара Џесика Паркер. Таа на својот инстаграм профил напиша: 

„Медена земја“ е неверојатна, визуелено зачудувачка, епска а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!“