Еден од најдобрите италијански кошаркари Алесандро Џентиле ја прекина соработката со екипата на Тренто. Крилниот играч го напушти клубот по една сезона, и покрај тоа што имаше уште една година договор.

  • Постигнавме договор да ставиме крај на соработката. Среќни сме за сето она што Џентиле ни го даде во текот на сезоната. Сега нашите визии се различни и решивме да се разделиме, истакна генералниот директор на Тренто, Салваторе Траиноти.

Џентиле минатата сезона одигра 33 натпревари во италијанското првенство и Еврокупот, а во просек бележеше по 14,6 поени, 4,2 скока и 2,6 асистенции.

Во својата кариера играше и за Бенетон, Армани, Панатинаикос, Хапоел, Виртус и Естудијантес.