Џек Ма го намали сопственичкиот удел во „Алибаба“ и инкасира 8 милијарди долари

180

Основачот на „Алибаба“, Џек  Ма, продаде дел од акциите во кинеската компанија за е-трговија за неколку милијарди долари, бидејќи нивната вредност скокна за речиси 50 проценти, објави CNN Biznis.

Ма, која е една од најбогатите Кинези, со тоа го намали сопствениот удел во „Алибаба“ од 6,2 на 4,8 проценти, според годишниот извештај на компанијата за 2019 година, но не е наведено кога го сторил тоа и за која сума пари.

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен, сепак, пресметува дека според сегашната пазарна цена, тој удел на акции е околу 8,2 милијарди долари.

Џек Ма поднесе оставка минатата година од позицијата претседател на Извршниот одбор на компанијата на возраст од 55 години, велејќи дека ќе го посвети своето време на филантропија.

Во моментов Алибаба вреди околу 705 милијарди долари, што ја прави повредна компанија од Фејсбук, пренесува CNN.