Поранешниот ракометен репрезентативец на Србија и поранешен голман на двократниот европски шампион Вардар, Страхиња Милиќ, застана меѓу стативите по две години.

Популарниот Џамбо кој со „црвено – црните“ стана шампион на Европа во 2017 година бранеше за РК Партизан во полуфиналето од Купот „Бранислав Покрајац“, против Динамо од Панчево.

Милиќ на крајот од првото полувреме го замени Андреја Трновац и одлично си ја одрабори својата работа во вториот дел и покрај тоа што се виде дека има вишок на килограми. Партизан сепак го загуби овој натпревар со 26:22, а Милиќ заврши со шест одбрани, меѓутоа покажа дека ќе биде од корист за тимот од Белград во текот на сезоната.

Џамбо (29) своевремено беше еден од најталентираните голмани во светот, на 16 години потпиша договор со Кил. Во Партизан бранеше и од 2009 до 2012 година. Во изминатиот период имаше проблем со мотивацијата, а во еден момен тежеше дури 216 километри. Но тешкиот период е зад него, а поради тежината му беше раскинат и договорот со тимот на Вардар.