Ќерката на Цеца Ражнатовиќ го загуби бебето: Лоши вести од фамилијата на балканската естрадна мегаѕвезда

1459

Анастасија, ќерката на балканската фолк-ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, деновиве е во тага и во блага депресија. Сосема разбирливо. Наместо да му се радува на бебето, кое требаше да биде женско, пејачката е во жалост, заедно со својот сопруг, познатиот српски фудбалер Немања Гудељ. Тој истакнува дека ова е многу болен настан во нивниот живот, за кој не сака да зборува. Не коментира ниту бабата Цеца, која не може со денови да се воздржи од солзи. За да не го тормозат новинарите, Гудељ единствено преку Инстаграм ги соопшти лошите вести:

– Со вас неодамна споделивме убава вест и вие бевте со нас со сето срце, со честитки и со убави пораки. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека пак ќе ги имаме вашите поддршка и разбирање. Не сакаме да зборуваме повеќе за тоа. За наша голема тага, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но со нашата љубов ќе го надминеме и ова.