Ќерка на британска милионерка пронајдена мртва во базен на Мајорка

154

Ќерката на британската милионерка Рејчел Клачер, Џоуси била пронајдена мртва во базен во вила на Мајорка, по ноќ помината со пријатели надвор од вилата.

Осумнаесетгодишната тинејџерка била пронајдена во вторникот околу седум часот наутро, а лекарите можеле да констатираат само смрт, пренесува британски Телеграф.

Таа на одмор била заедно со пријатели, но и со својата мајка Рејчел, која е еден од основачите на телефонската служба Манипени, вредна повеќе од сто милиони фунти.

Џоуси е една од трите ќерки на Рејчел. За нејзината смрт е покрената истрага.