Ќе се реконструира улицата „Козара“

131

Општина Центар ќе започне со реконструкција на улицата „Козара“ во населбата Капиштец. Веќе е потпишан и договорот со фирмата изведувач.

Како што информираат од Општина Центар, целосно ќе реконструира 3.900 квадратни метри површина на улицата, при што ќе се овозможат нови инфраструктурни услови за безбедност во сообраќајот.

За овој проект одвоени се 10.000,000 денари од општинскиот буџет.