Тимовите во Формула 1 се договорија да ги ограничат платите на возачите. Според „Дејли меил“, предлогот добил едногласна поддршка, а горната граница е поставена на 30 милиони долари.

Мерката би се однесувала само на Луис Хамилтон, бидејќи тој само зема плата од над 30 милиони. Шесткратниот светски шампион се уште нема потпишано нов договор со Мерцедес. Шефот на тимот од Бракли, Тото Волф изјави дека нема сомнеж во желбата на Британецот да остане во тимот. Немаше причина да не потпише нов договор. Сепак, такво нешто сè уште нема.