Многу жители на Њујорк се преселиле во соседниот Конектикат во текот на изминатата пандемиска година, каде е сè потешко да се најде куќа по добра цена.
Од почетокот на пандемијата, жителите на Њујорк почнаа да бегаат од градот и неговата околина, зграпчувајќи куќи на помали места каде цените се веќе недостижни за локалното население, но тие скокнаа уште повисоко заради новодојдените.
Приливот на луѓе имигранти во Конектикат, а особено во округот Ферфилд, на границата со државата Њујорк, го прославија многумина, вклучувајќи го и гувернерот Нед Ламонт.
Но, на локалното население му е потешко да најде домови по пристапни цени, бидејќи новодојденците ги купуваат брзо и плаќаат во готово.
На крајот на минатиот месец, еден ден имаше само пет семејни куќи на продажба по цена под 400.000 американски долари, а најевтината беше 325.000 долари, што се смета за поволна цена. Но, сите ги купија новодојденците кои нудат повеќе од домашните понудувачи кои би сакале да се стиснат.
Низ САД, жителите на големите градови се преселија во помалите градови минатата година поради ефектите од пандемијата, и за прв пат по три години, повеќе луѓе се преселија во Конектикат отколку што се иселиле.
Во градот Стемфорд, типичен месечен обрт на станбени куќи пред пандемијата беше 80 до 110 милиони долари, во август минатата година достигна 146 милиони, 152 милиони во септември и 157 милиони во ноември.
„Лудо е“, изјави еден од агентите за АП.
Гувернерот на Конектикат, Ламонт, верува дека има многу причини поради кои десетици илјади млади семејства и бизниси се преселиле – јавните училишта се добри, градовите и градските центри се пријатни, природата е бујна и „можноста за поминување на карантин во сопствениот двор наместо во мал стан “.
Извор:www.apnews.com