Брзото лизгање не е популарен спорт во Македонија, а тоа веројатно е единствената причина зошто се уште не сте слушнале за Јута Лирдам (22), која е светска шампионка од Холандија и доминира со својата убавина.

Јута е родена на претпоследниот ден во 1998 година и како многу млада девојка се заљубила во брзото лизгање, но никој од нејзиното семејство не верувал дека таа ќе стане толку доминантна во овој спорт. Таа веќе три пати има освоено светско злато, има и едно европско злато, а следна цел е олимпиското во Пекинг!

Она што е особено импресивно е што Јута поседува клуб за брзо лизгање, заедно со својот партнер Коен Верви, исто така лизгач, и е толку добра што тренира дури и со мажи.

Причина за тоа е да биде уште подобра, бидејќи секогаш пред себе си поставува големи цели и затоа е суперѕвезда на брзото лизгање.