Екипата на Денвер забележаа нова победа во НБА-лигата, откако предводени од Никола Јокиќ во „Бол Арена“ го совладаа тимот на Оклахома со 119:101, а српскиот центар забележа уште едно одлично издание (27 поени, 12 скокови).

Со исклучок на израмнетата прва четвртина, Нагетс во остатокот од натпреварот беа подобар тим. Разликата во последната делница одеше и до плус 29 поени предност за Денвер, но Тандер во финишот успеа да намали на нешто поприфатливи минус 18 поени разлика.