„Јоаким Крчовски“ со нов асфалт, санација на „Тодор Чангов 41“

199

После 30 години кракот на улицата „Јоаким Крчовски“ на Кале добива нов асфалт. Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ вели дека реконструиран е долниот и горниот асфалтен слој во должина од 257 квадратни метри, при што ќе се регулира и одводнувањето на атмосферските води.

Деновиве почна и санирањето на улицата „Тодор Чангов 41“ во должина од 450 метри во општина Аеродром. На дел од оваа улица се поставува тампон во ширина од 6 метри и асфалт од 5 метри. Во наредниот период ќе се реконструираат и другите делови од улицата.