Јелена Карлеуша се сеќава на Тоше: Беше исклучителен другар

431

И ако за Балканот важи за скандалозна личност, популарната српска пејачка Јелена Карлеуша по повод денот на трагичната смрт на Тоше Проески објави нивна заедничка фотографија која се случи пред многу години во Белград, после една промоција, на која присуствуваше и Јелена. Таа за Тоше има само најубави зборови. – Еден е од ретките на естрада кој не глумеше лудило ниту дволичност. Беше многу искрен и отворен во другарувањата, а со мене исклучително другарски настроен. Ни до денес не можам да ја преболам тажната вистина дека физички го нема меѓу нас. Но тука се неговите песни кои по радио и тв станиците постојано се слушаат, бидејќи публиката тоа го сака и не заборава.Уште го памтам оној период кога во Грција го снимавме албумот, а јас на некој начин му бев возач. Го возев до студиото каде снимавме, а го возев и до плажата, многу сакаше да плива, го сакаше морето, се сеќава Карлеуша на нашата ѕвезда од Крушево.