Судирот на Луис Хамилтон и Макс Верстапен сè уште е главна тема во светот на Формула 1. Двајцата кандидати за титула имаа инцидент минатиот викенд на патеката „Силверстон“, по кој подебелиот крај го извлече Холанѓанецот.

Голем број љубители на октагонскиот циркус веруваат дека Британецот е виновен за судирот и тоа што Верстапен морал да се повлече од трката, а малку недостасуваше да се здобие и со сериозни повреди.

Пилотот на Ред Бул го обвини својот ривал поради славењето додека тој се наоѓаше во болница, а во целата приказна се вклучи и поранешниот светски шампион, Шпанецот Фернандо Алонсо.

  • Отсекогаш сум бил фер возач, во текот на целата моја кариера. Јас сум еден од ретките што нема дамка во биографијата, истакна Алонсо.

Тој додаде дека на некои возачи и тимови им е дозволено премногу.

  • Искрено, се чувствувам малку како идиот затоа што секогаш ги почитувам правилата. Се обидовме да разговараме со водечките луѓе на спортот и организаторите на трките кога ќе им укажувавме на однесувањето на одредени возачи, но тие никогаш не преземаа ништо. Затоа, ќе престанам да зборувам за тоа што го прават другите. Се чини дека тоа повеќе ќе се исплати, додаде Шпанецот за „Марка“.

Алонсо изјави дека нешто ќе промени во својот начин на возење.

  • Ако не можеш да ги победиш, придружи им се. Стратегијата од првите неколку трки не даде резултат. Сега сфаќам дека единственото решение е да започнам да го работам тоа што го прават другите, немам избор. Некои работи очигледно се дозволени денес. Не значи дека ова е премин кон темната страна, туку кон правилата според кои другите играат, заклучи искусниот возач.