Соединетите американски држави во последните неколку дена беа потресени од големите протести поради смртта на Џорџ Флојд, кој беше убиен од страна на полицијата.

Полицијата го уби Флојд на улица иако тој упорно им кажуваше дека не може да дише и дека воопштно не се спротивставува на фактот за негово апсење. Но, еден од полицајците не сакаше да го слушне, а поради повреда на вратот, Флојд на крајот почина.

Поради ова убиство започнаа големи протести во САД бидејќи беше убиен уште еден човек со темна кожа во оваа земја од полицијата. На протестите им се придружија многу познати личности, а повеќемина на социјалните мрежи изјавија дека бараат правда за убиениот Флојд.

Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, исто така, зборуваше за сè, жестоко ги критикуваше сите што се дел од овој спорт затоа што никој не зборува за тоа што се случува во САД.

  • Ве гледам како молчите, некои од најголемите ѕвезди сепак решивте да молчите и на тој начин да ја поддржите неправдата. Ниту еден знак или потег не е од мојата спортска индустрија во која доминираат белците. Јас сум единствениот човек со темна кожа тука и повторно стојам сам. Сега знам за какви луѓе се работи, истакна налутено Хамилтон, па додаде:
  • Само да знаете дека не стојам со оние што палат згради и рушат сè пред нив, туку со луѓе кои мирно одат на протести и бараат правда. Нема да има мир се додека лидерите не направат промена. Ова не е само во САД, туку и во Велика Британија, Шпанија , Италија и целиот свет. Начинот на кој се третираат малцинствата мора да се промени. Ние не сме родени со расизам и омраза во срцето, но учиме од оние што ги имитираме.