Јавен повик за онлајн достава од маркети

98

Општина Аеродром објави јавен повик за онлајн работа и достава  на неопходни прехранбени продукти од економски оператори – маркети што работат на територијата на нејзината територија како резултат на последните мерки на Владата поврзани со пандемијата со коронавирусот и воведениот полициски час.

Заинтересираните пријавата можат да ја преземат од интернет-страницата на Општина Аеродром http://www.aerodrom.gov.mk/vest/2403, која треба да се пополни и да се испрати најдоцна до утре 10 април до 12:00 часот на следнава електронска адреса: odnosi.so.javnost@aerodrom.gov.mk.

Од општината ги замолуваат економските оператори – маркети заедно со пријавата во прилог да им испратат и скенирана копија од ДРД-образец.

– По приемот, добиените пријави од економските оператори ќе бидат разгледани и проследени до полициска станица Аеродром и дo Град Скопје- информираат од Општина Аеродром.