Јаболка и ореви во колач – неодоливо единство на есенски вкусови

350

Едни од најмиризливите и истовремено најздравите есенски плодови искомбинирани заедно даваат неодоливи вкусови и кога се во прашање десертите. Токму тоа го добивате кога ќе искомбинирате јаболка и ореви, а со малку кулинарска фантазија можете многу брзо да ги претворите во неодолив колач.

Вистинско уживање за доцно неделно попладне, додека со шолја билен чај ги резимирате неповторливите моменти од изминатиот викенд.

Потребно е:

  • 3 јајца
  • 2 чаши ореви
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша гриз
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажица какао во прав
  • ½ чаша масло
  • 3-4 рендани јаболка

Приготвување:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додајте го маслото, млекото, јаболката, прашокот за печиво, оревите и какаото во прав.

Смесата ставете ја во плех и печете го колачот на 200 степени Целзиусови околу 30 минути, или додека примамливата миризба не ви најави дека е готов.