Хрватскиот министер за енергетика и заштита на животната средина Томислав Ќориќ и словенечката министерка за инфраструктура Аленка Братушек во септември во Љубљана конечно ќе ја ја објават одлуката на хрватската и словенечката страна за тоа дали ниско и средно радиоактивниот отпад од централата Кршко ќе се складира во едно заедничко складиште, кое Словенците со години наназад го планираат во Врбина покрај Кршко, или секој ќе се погрижи за својот дел од отпадот.

„Бука“ неофицијално дознава дека Хрватска донела одлука да гради сопствени складиште за нуклеарен отпад во близина на границата со Босна и Херцеговина. Иако последниот рок за довршување на ваков сериозен зафат е за четири години, Хрватска нема направено никакви студии како ова ќе влијае на животната средина, а не е постигнат ни консензус со локалното население во Хрватска ниту пак со населението во Босна и Херцеговина.

Наводно, мирот на населението властите планираат да го „купат“ со милион евра, но прашање е дали тоа ќе биде доволно.