Поранешниот швајцарски тенисер Хајнц Гинхарт, ги птредидуваше случувањата на овоходинешниот грен слем турнир САД Опен, кој  ќе стартува на 31 август во Њујорк.

Ова ќе биде првиот грен слем од 1999 година на кој нема да учествуваат Швајцарецот Роже Федерер и Шпанецот Рафаел Надал. Заради ова многумина веќе го прогласија светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ за победник на турнирот и освојувач на 18. Грен слем титула во неговата кариера. Но, Шваајцарецот не мисли така.

-Неиграњето на Надал и Федерер би можело да биде шанса и за Доминик Тим, Стефанос Циципас  или Александар Зверев. САД Опен е се само не сигурно освојување на титулата за Новак Ѓоковиќ. Тој знае што може да загуби и како работите може да се свртат против него, изјави Швајцарецот.

Надал неодамна изјави дека неговото  неиграње на турнирот и моменталната ситуација во светот нема да го намали значењето на овогодинашниот освојувач на трофејот, а со тоа се согласи и Швајцарецот.

-Вредноста на грен слем титулите е релативна, тоа веќе ни беше покажано во минатото. Може за тоа ќе се дискутире краткорочно , но долгорочно се сомневам дека некои ќе го смета за помалку вреден од останатите, доаде освојувачот на пет АТП титули и поранешен 22. тенисер во светот.