Организаторите на АТП-турнирот од Мастерс серијата во Монте Карло, потврдија дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ добил дозвола за настап и ќе биде дел од најдобрите светски тенисери на престижното натпреварување.
Во претходните две сезони трофејот од овој турнир му припадна на Стефанос Циципас, но со потврдата за учеството на Ѓоковиќ, фаворитската улога сигурно ќе му припадне на Србинот.
Освен Циципас, најголеми конкуренти на Ѓоковиќ ќе му бидат и Каспер Руд, Карлос Алкараз, Тејлор Фриц, Данил Медведев и уште неколкумина тенисери од самиот светски крем. Тука секако ќе биде и феноменалниот Рафаел Надал кој ќе се бори за дванаесеттата титула на овој престижен турнир.
АТП Мастерс турнирот во Монте Карло ќе трае од осми до шеснаесетти април.