Шумски пожар кај Анталија, хотелите немаат вода и струја, во тек евакуација

28

Шумски пожар избувна денеска околу пладне во близина на Анталија во градот Сиде. Пожарот избувна во шума недалеку од Анталија.

Поради близината на туристичките места, во хотелите нема струја и вода.

Како што пренесуваат медиумите, д ве села се целосно изгорени, а евакуацијата на населението е во тек.

Сè уште не е познато дали има жртви.

Ветерот го носи пламенот и огнот се шири, иако пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот со хеликоптери.