Ако земјава и годинава не ги почне преговорите со ЕУ, ќе комплетира 17 години чекање пред вратата на европското семејство со што значително ќе се приближи до неславниот рекорд на Турција. Но, судејќи по изјавите кои стигнуваат од премиерот на Бугарија, европскиот сон за Македонија е многу далеку, а судбината на Турција сè поблиску. – Да се пушти Македонија на патот кон Европа, не значи дека Македонија се пушта во Европа. Има 15 години од оваа до втората точка. Во тие 15 години има 27 поглавја да се отворат. Ако направиме процес да се развива историската вистина, да се отстрани дискриминацијата и јазикот на омразата и тој процес има јасен механизам како да се исчистат тие елементи, смета бугарскиот премиер Кирил Петков. Уследи лавина реакции и разочарување од ваквото предвидување. – Поразително чувство и разочарување!  Бев дете (млад човек) кога Бадинтер даде оценка дека Македонија заслужува самостојност, а сега после јавно искажаното предвидување на Петков дека влезот на Македонија во ЕУ ќе биде можен дури за 15-ина година (и три од карти секако) испаѓа дека во мојот живот Македонија нема да влезе во ЕУ, е само еден од многуте коментари на социјалните мрежи  

 

 

Ако земјава и годинава не ги почне преговорите со ЕУ, ќе комплетира 17 години чекање пред вратата на европското семејство со што значително ќе се приближи до неславниот рекорд на Турција. Но, судејќи по изјавите кои стигнуваат од премиерот на Бугарија, европскиот сон за Македонија е многу далеку, а судбината на Турција се поблиску.

Приближувањето на Македонија кон Европската Унија не започнува со членство, туку претстои долг преговарачки период кога може да се надминуваат најчувствителните прашања – вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за радио Дарик. Според него, историјата не може да се заборави и не треба да се игнорира, но во исто време и да се наметнува и погрешен пристап.

-Не можеме да пристапиме со „заборави сè што знаеш досега и прифати сè како што јас ти велам”. Тој пристап не функционира. Да се пушти Македонија на патот кон Европа, не значи дека Македонија се пушта во Европа. Има 15 години од оваа до втората точка. Во тие 15 години има 27 поглавја да се отворат. Ако направиме процес да се развива историската вистина, да се отстрани дискриминацијата и јазикот на омразата и тој процес има јасен механизам како да се исчистат тие елементи, вели Петков.

Ова предвидување на бугарскиот премиер Петков предизвика лавина на реакции во македонската јавност и уште поголем песимизам дека земјава некогаш ќе се приклучи на европското семејство. – Бев дете (млад човек) кога Бадинтер даде оценка дека Македонија заслужува самостојност, а сега после јавно искажаното предвидување на Петков дека влезот на Македонија во ЕУ ќе биде можен дури за 15-ина година (и три од карти секако) испаѓа дека во мојот живот Македонија нема да влезе во ЕУ. Поразително чувство и разочарување! – е само еден од многуте коментари на социјалните мрежи.

 За македонскиот премиер Димитар Ковачевски одбран е  вистинскиот пристап со градење мостови меѓу двете земји, обновувањето на разговорите и соработката на повеќе полиња што ќе  даде резултати и на политичко ниво.

-Јас немам никакво сомневање дека тој процес ќе ја обнови атмосферата на доверба и пријателство и дека тоа ќе биде силен поттик да се отворат вратите за заедничко прифатливо решение за отворените политички прашања. Особено оние кои се однесуваат на деблокирањето на процесот за финализирање на постапката за нашето членство во ЕУ, вели Ковачевски.

Приоритет во разговорите треба да има пакетот барања од бугарска страна, паралелно со меѓувладината соработка треба да се решаваат и потешките прашања, смета европратеникот Илхан Ќучук. Македонската Влада е согласна да се впише бугарско малцинство во Уставот, но низ дијалог со опозицијата за да се оформи потребното двотретинско мнозинство.

-Различни уставни модели има, еден е во Бугарија, друг е во Македонија. Ајде да се сконцентрираме кон поважните теми, 4+1. 4+1 даваат перспектива за враќање на довербата и договорот од 2017 година, вели Ќучук.

Инаку, според најавите од Софија, во вторник на 1 февруари ќе се одржи првиот состанок на една од новите работни групи – во Скопје ќе пристигне бугарскиот тим од комисијата за економија, трговија и иновации. Три дена подоцна ќе се случи и најавеното заедничко чествување на Гоце Делчев по повод 150 години од неговото раѓање, но без присуство на премиерите Ковачевски и Петков.

Во периодот кој следува ќе има засилена дипломатска активност. Претседателот Пендаровски ќе биде во посета на неговиот колега Румен Радев во Софија, а владините претставници во Париз. Каков ќе биде епилогот и дали работите ќе се мрднат од мртва точка оваа година, останува под знак прашалник.

(В.М.Б.)