Што се крие во трите солени езера пронајдени на Марс

789

Научниците кои ја проучуваат планетата Марс утврдиле дека под површината на јужниот пол на оваа планета постои систем од три езера со солена течна вода.

Меѓународен тим од научници ги испитувал радарските податоци од „Марсиса“- инструмент на вселенското летало на Европската вселенска заедница „Марс икпрес“. Така успеале да детектираат три езера од кои едното е широко 20 километри и долго 20 километри. Другите две се со помали димензии.

Техниката „Марсиса“ користи движење на радио-бранови за прикажување геолошки структури – на сличен начин како „сеизмичкото пребарување“, што помага во предвидувањето земјотреси.

На тој начин го утврдиле и постоењето на солени езера кои, како што сметаат, имаат потенцијал да го одржат животот на микробите во услови кои владеат на јужниот пол на Црвената планета.

Новото откритие во езерата би можелo да вклучува екстремофили, кои можат да поднесат силна жештина, високо кисело опкружување, екстремен притисок и студ.

Новото откритие е прва „вонземска“ вода пронајдена на Црвената планета уште во 2018 година кога е откриено првото езеро под јужниот пол на Марс.

Откритието од 2018 година беше прв доказ дека течна вода на Марс постои и денес и дека е поволно опкружување за кое научниците сметаат дека е идеално за раст на микроби.

Научниците велат дека езерата кои се откриени, повторно во истото подрачје, се показател за други влажни подрачја во близина.

Откривањето на цел систем езера подразбира дека нивниот процес на формирање е релативно едноставен и вообичаен, и дека тие езера веројатно постоеле во текот на поголем дел од историјата на Марс. Од тие причини, тие би можеле да имаат траги од некои облици живот кои можеле да еволуираат во време кога Марс имала густа атмосфера, поблага клима и присуство на течни води на површината, слично на Земјата, изјавил Роберто Оросеј, учесник во истражувањето.

Инаку, иако научниците ги нарекле систем, се чини дека трите новооткриени езера не се физички поврзани.

„Езерата се одвоени со тесни слоеви сув терен, изјавил Анџело Роси од Универзитетот Јакобс во Бремен.

Овие три езера се оддалечени околу 10 километри од она пронајдено во 2018 година. Слични се со него по тоа што имаат речиси иста длабочина од околу 1.500 метри.

Следна задача на стручњаците е да соберат повеќе податоци за карактеристиките на водата од Марс, генерално во врска со хемискиот состав и трагите присуство органска материја. Во меѓувреме, тие трагаат по пови езера и водени резервоари на Марс.

Извор:www.scientificamerican.com