Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 7:6, 6:0, 6:3 го совлада Унгарецот Мартон Фучович во второто коло на Ролан Гарос. Но светските медиуми по мечот пишуваа за необичниот круг на градите на 36-годишниот српски тенисер, што се виде на крајот од првиот и почетокот на вториот сет, кога Ѓоковиќ го менуваше дресот.

Телевизиските камери го снимија предметот на градите на Ѓоковиќ, а коментаторите на тенискиот канал на шега го споредија со „Iron Man“, суперхеројот од стрипови и филмови на „Marvel“, кој има вградено реактор во градите за да го заштити неговото срце. „Iron Man“ во филмот го играше Роберт Дауни Џуниор.

Новинарите го прашаа Ѓоковиќ за што се работи, но тој не даде прецизен одговор. „Навистина ми се допаѓаше „Iron Man“ како дете, па сега се обидувам да го играм“, рече Ѓоковиќ со насмевка и продолжи: „Мојот тим има неверојатна нанотехнологија која ми помага да дадам се од себе на теренот, па ова е најголемата тајна во мојата кариера. Да не беше ова, веројатно немаше да седам овде“.

Ѓоковиќ во еден момент од мечот против Фучович му се развика на тренерот и поранешен хрватски тенисер Горан Иванишевиќ. „Стани, стани, не те слушам, ебате! викна Новак на италијански кон тренерот и стручниот штаб.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина, 29. носител, кој во три сета го совлада локалниот играч Ван Аше со 6:4, 6:3, 7:6.