Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова пред два дена одлучи јавно да го открие својот телефонски број и да побара контакт со секој фан кој што сака да сподели нешто со неа.

Русинка, која стави крај на кариерата на 26 февруари, за само 40 часа добила 2,2 милиони приватни пораки.

Во последните два дена, Шарапова остварува видео разговори со некои нејзини најблиски пријатели, како што се нејзините стилисти кои учествувале на фото-сесиите со тенисерката од Ниаган.

Познатите личности прават несекојдневни работи во овој период кога се принудени да седат дома. Шарапова во овој период пак одлучи да запознае дел од своите фанови, но изгледа дека не очекуваше да биде преплавена со над два милиони пораки.