epa09114370 Bianca Andreescu of Canada is consoled by her coach Isade Juneau after she retired against Ashleigh Barty of Australia following their Women's singles finals match at the Miami Open tennis tournament in Miami Gardens, Florida, USA, 03 April 2021. EPA-EFE/RHONA WISE

Канадската тенисерка Бјанка Андреску, победничката на грен слем турнирот САД  Опен од 2019 година, мораше да се откаже од осминафиналето на мастерс турнирот во Мајами, откако се здоби со тешка повреда на скочниот зглоб, поради што беше изнесена од теренот во инвалидска количка.

Андреску поведе со 2:0 во вториот сет против Русинката Екатерина Александрова, откако првиот го загуби во тај-брејк. Русинката сервираше за својот прв гем во вториот сет, Андреску истрча кон топката, а потоа само падна на теренот, го стегна левиот зглоб и плачеше во очигледна агонија. Не е јасно дали го исчашила или го скршила, но на видеото се гледа дека има големи болки, а  публиката целосно замолче.

По две минути асистенција на теренот, на несреќната тенисерка ѝ помогнаа да стане, а потоа во инвалидска количка ја извадија од теренот, додека Александрова се пласираше во четвртфиналето каде ќе игра против Чехињата Петра Квитова.

На машкиот дел од турнирот Стефанос Циципас, малку се измачи, но го исфрли Кристијан Гарин со 2:1 (6:3, 4:6, 6:4). Пресметката траеше два часа и шест минути, грчкиот ас не дозволи изненадување иако 82. тенисер на АТП ранкингот имаше амбиции за такво нешто. Сите три сета беа решени со по еден брејк, што е доказ за квалитетот на тенисот на двајцата претставници. Во следната фаза Циципас оди на мегдан со Карен Хачанов. До осминафинале против Халис од Франција без битка стигна Данил Медведев, откако го искористи предавањето на Молчан.