Чоколадото е најдобро да се јаде во одредени периоди од денот

162

Јадењето чоколадо е посебен ритуал за сладокусците, но знаете ли дека постојат правила за начинот и времето, на, и во кое тоа се консумира, бидејќи оваа слатка навистина заслужува кон неа да се однесуваме со посебен почит.

Така, најдобро е да се изеде мало парче чоколадо наутро, дури и пред појадок.

Кога велиме чоколадо, мислиме на чисто чоколадо, а не, чоколадна торта, или сладолед.

Како прво сако сакате да пробате некој нов вкус на убаво, да речеме белгиско чоколадо, утрото е најдобро време за тоа, бидејќи нашите непца се одморени и незаситени и најдобро ќе ги почувствувате сите нијанси на вкусот.

Но, доколку за појадок или вечера веќе се изеле на пример неколку палачинки со џем, ќе можете ли после нив да го почувствувате полниот вкус на чоколадото?

Токму затоа експертите за чоколадо тврдат дека чоколадото мора да се јаде на неутрално непце. Вкусот најдобро ќе се почувства ако тоа се јаде полека, по малку, односно коцка по коцка.