Челзи загриза за Де Лихт

95

Близок извор до таборот на најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, откри дека лондонскиот премиерлигаш Челзи има испратено официјална понуда за холандскиот интернационалец, Матијас де Лихт. Централниот дефанзивец има договор со „старата дама“ до 2024 година, но во истиот има и ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 120 мил. евра. Сепак, челниците на Челзи се подготвени да одвојат околу 70 мил. евра за неговите услуги.