За доминацијата на шпанскиот тенисер Рафаел Надал на Ролан Гарос и не треба да се зборува многу.  Дури инеговиот надимак „крал на земјата“ говори дека е непобедлив на оваа подлога, а турнирот во Париз е негов заштитен знак.

Но какво е чувството пред мечот со Рафаел Надал на Ролан Гарос? Ова е едно од прашањата на кое тениските фанови долго време бараат одговор. а истиот го даде австрискиот тенисер Доминик Тим

-Тешко. Излегувам на теренот и знам дека од првата минута ќе мора да се борам за секоја топка и јас сум свесен дека тоа ќе ме однесе надвор од моите граници, и физички и психички. Кога се соочувате со Рафа на Ролан Гарос, треба да мислите да го победите него, но и неговата легенда на турнирот. Можам да ве уверам дека ноќта пред играњето против него и часовите пред почетокот на мечот воопшто не се пријатни, вели Австриецот.

Првата нивна средба на Ролан Гарос се случи во 2014 година. Потоа следуваше полуфиналето три години подоцна, а најмногу се паметат финалните пресметки во изминатите две години.

Најголеми шанси австрискиот тенисер имаше лани, кога во финалето се пласира по триумфот над Новак Ѓоковиќ. Тоа за првпат му донесе самодоверба дека може да излезе на крај со шпанскиот ветеран.