Капитенот на  ракометниот клуб  Прилеп, Ревез Чантурија и на триесет и осум годишна возраст ќе тресе мрежи во Суперлигата, откако го продлжи договорот  со клубот, објавија челниците на клубот на својата Фејсбук страница.

Популарниот Резо е еден од најзаслужните што Прилеп избори опстанок во елитното друштво и со тоа без никакво размислување постигнат е договор со раководството на клубот за продолжување на соработката со најдобриот стрелец на Прилеп изминатата сезона.