Кошаркарите на ЦСКА Москва забележаа нова победа во Евролигата, откако на гости во Грција славеа над Панатинаикос со 98:74. Најзаслужен за оваа победа на рускиот тим беше Мариус Григонис со 19 поени, Даниел Хекет запиша 17 коша, додека Торнике Шенгелија еден помалку.

ЦСКА имаше феноенален старт и со 11 тројки во првите 20 минути ја најави победата. На полувреме гостите водеа со со 27 поени (33:60), кои практично ги зачуваа до крајот.

Русите сега имаат скор од 11-7, додека ПАО паднаа на 4-14 по четвртиот пораз во низа.