Црномуреста актерка ќе биде новиот Џејмс Бонд?

180

Убавата црномуреста актерка Лашана Линч, која публиката најмногу ја знае по улогата во филмот „Капетан Марвел“, би можела да се најде во улога на  легендарниот агент 007, Џејмс Бонд?!

Гласините велат дека досегашниот „агент“, актерот Даниел Крег наскоро би можел да ја го остави ликот на Џејмс Бонд зад себе, што веднаш доведе до шпекулации дека следниот агент 007 ќе биде црномурест актер, а името на Идрис Елба, кој има остварено голем број улоги во акциони филмови, најмногу се споменува.

Сепак, дури има и такви размислувања дека модерната верзија на ликот треба да ја игра жена.

Според инсајдерите, во наредниот „Бонд 25“, наводно, Даниел Крег е пензиониран на Карибите, додека британската актерка со темна кожа, Лашана Линч, игра помлад шпион кој го презема неговото легендарно кодно име 007.

Инсајдер, пак, додаде дека терминот „Бонд девојки“ е фраза подготвена да ги опише женските ликови во франшизата, заменети со „Бонд жени“.

Лашана Линч не е непозната кога се работи за филмовите во кои жената има машка доминација. Имено, таа претходно оваа година играше заедно со Алисон Бри во филмот „Капетан Марвел“ како Марија Рамбо.