Македонската ракометна репрезентација со пораз го заврши настапот на Светското првенство во Египет. „Црвено -жолтите“ го претрпеа петтиот пораз во шестиот натпревар на шампионатот, овој пат од селекцијата на Белорусија со 30:26 (14:14)

Во првиот дел од натпреварот нашите ракометари постојано имаа предност од еден – два гола, но тоа не беше случај во вториот дел кога противникот ја презеде контролата над играта и резултатот.

Избраниците на селекторот данило Брестовац одлично им парираа на Белорусите до 47. минута кога противникот успеа да направи предност од четири гола 24:20. Во наредните 13. минути од мечот се се одвиваше по нотите на Белорусија, а предноста од четири гола им обезбеди мирна завршница од натпреварот.

Најефикасен во македонскиот тим беше капитенот Кирил Лазаров, кој натпреварот го заврши со седум погодици, додека Кузмановски и Пешевски постигнаа по четири гола.

Ова воедно е најслабиот настап на Маедонија, на едно Светско првенство. Се очекува на крајот од шампионатот „црвено – жолтите“ да бидат плаирани послабо од 21. место во конкуренција од 32 репрезентации.