Кошаркарите на Црвена звезда го совладаа Олимпијакос на гости со 76:72 во натпреварот од 23. коло во Евролигата. „Црвено-белите“ одиграа солиден натпревар во Пиреја, ги наплатија претходните неуспеси и успеаја да триумфираат над фаворизираниот грчки претставник кој нема претрпено пораз на својот паркет од почетокот на сезоната. Избраниците на Дејан Радоњиќ имаа предност речиси во текот на целиот натпревар, а во финишот ја задржаа присебноста и концентрацијата, не дозволувајќи повторно да го загубат триумфот.

Српскиот шампион ја зазема 14. позиција со осум победи и 12 порази, додека грчкиот великан по третиот пораз во низа има скор 12-8.

Резултати: Зенит – Анадолу Ефес 76:67, Барселона – Лион 84:71.