Балканска фолк пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ во ладните зимски денови ги спакува куферите и отпатува на егзотична дестинација – на Малдиви. Според српските медиуми, Цеца не штедела пари кога е во прашање одморот во ова луксузно летувалиште за кое искеширала околу седум илјади евра.

Фолк дивата се пофали со фотографии од рајското место, но не откри кој и прави друштво таму. Сепак, нејзините пријатели откриваат дека пејачката е на одмор заедно со нејзиното момче Богдан Срејовиќ.

Тие веќе некое време планирале да одат на заедничко летување каде ќе можат да уживаат во интимните моменти без радознали погледи околу нив и изборот паднал на Малдиви.

Цеца на својот профил на Инстаграм се пофали дека ужива во „рајскиот одмор“ и објави фотографии од раскошниот бунгалов во чиј склоп има и приватен базен, лежалки на терасата со прекрасен поглед и послуга.

Освен фотографиите и снимките од егзотичните плажи, Цеца се пофали и со својот изглед позирајќи во минијатурно зелено бикини и доби многу комплименти од своите обожаватели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)