Центарци бараат повлекување на ДУП Парк 1, бидејќи бил незаконски

149

– Не може градоначалникот да одлучува некаде да има поголема висина на градбите, а некаде помала во урбанистичкиот план. Тоа повлекува кривична одговорност. Дали сте свесни во што не вовлекувате, потенцираше една од присутните засегната за планот, претставувајќи се како правник. Таа побара да се повлече планот и сите да поднесат анкетни листови со своите забелешки, но потенцираше, тие да бидат испочитувани и да влезат во ДУП-от

 

Негодувања и дофрлувања од жители на Центар на јавната презентација на Деталниот урбанистички план Парк 1 и дел од Дебар маало 2, што се одржа во салата за седници на Советот на општината. Не сакајќи мирно да ја ислушаат презентацијата, тие негодуваа дека овој ДУП се носи веќе пет години и при тоа сè уште не може да се најде соодветно решение.

– Не може градоначалникот да одлучува некаде да има поголема висина на градбите, а некаде помала во урбанистичкиот план. Тоа повлекува кривична одговорност. Дали сте свесни во што не вовлекувате – потенцираше една од присутните засегната за планот, претставувајќи се како правник.

Таа побара да се повлече планот и сите да поднесат анкетни листови со своите забелешки, но потенцираше, тие да бидат испочитувани и да влезат во ДУП-от.

А повторената презентација на планот, како што беше објаснето се прави заради неколку измени од поголем обем. Прво измените во Регулацискиот план кој претставува доразработка на Генералниот урбанистички план, а исто така и измени во заштитно-конзерваторските основи, односно редифинирање  на заштитните зони.

Измената е во делот каде што сега се бараките на администрацијата на Град Скопје беше претходно предвиден за комерцијални и деловни објекти, но сега е јавен простор и има предвидено паркинг.

Градоначалникот Саша Богдановиќ преку „Фејсбук“ го поздрави планот нарекувајќи го „уште еден корисен проект за решавање на урбаниот хаос во Општина Центар“.

– На местото на административните бараки на Град Скопје ќе се изведе нов монтажен паркинг. За потсетување, со одлука од Владата на Никола Груевски, на ова место беше предвиден деловен објект со висина од 25 метри. Со новиот ДУП Градска четврт З 12 – Парк 1 и дел од Дебар Маало 2, деловниот објект се избриша и на негово место се вцрта монтажен паркинг – смета Богдановиќ.

Градоначалникот Богдановиќ го претстави и новиот Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) за периодот од 2019 до 2025 година. Тој додаде дека со активно учество на сите и на граѓаните се идентификувани сегашните состојби со медиумите во животната средина и се евидентирани клучните предизвици изразени во: нарушениот квалитет на воздухот, управување со отпадот и зголеменото ниво на бучава и градежната експанзија.

– Тоа се состојби со кои се соочуваме  во нашето секојдневие во доменот на животната средина и за истите дадовме предлог акции и мерки за нивно ефикасно надминување – изјави Богдановиќ.

(А.П.)