Целосно реконструирана улицата „Јустинијан Први“ во Драчево

678

Завршува втората фаза на реконструкција на улицата „Јустинијан Први“ во населено место Драчево во Општина Кисела Вода, од улица „Малешевска“, до улица „Славка Динкова“, информираат од Град Скопје.

Оттаму потсетуваат дека исто така, минатата недела заврши првата фаза од реконструкцијата од мостот на Маркова Река до улица „Малешевска“, со што оваа „Јустинијан Први“ е реконструирана во вкупна површина од 7000 квадратни метри и во должина од 1000 метри.

Од Градот Скопје соопштуваат дека во Драчево продолжува и реализацијата на проектот за целосна реконструкција на улицата „Славка Динкова“, која е поврзана со „Јустинијан Први“ и тоа во вкупна должина од 1175 метри, а истовремено првпат се работи на изградба на атмосферска канализација.