Цела Европа ја мачи едно прашање: Како да се врзе крај со крај?

89

Сè повеќе Европејци се потешко врзуваат крај со крај поради растот на цените кои ги намалуваат нивните приходи, покажа извештајот на Европскиот статистички институт.

Уделот на граѓани кои имаат потешкотии да ги покријат основните трошоци се зголемил во вториот квартал во однос на претходните три месеци во осум од 10-те земји на ЕУ опфатени со истражувањето, а се намалил само во Словенија и Финска, наведе Евростат.

Податоците до Евростат беа доставени од Белгија, Бугарија, Ирска, Франција, Италија, Луксембург, Австрија, Словенија, Словачка и Финска.

Според податоците со кои располага Еуростат, најтешко било во вториот квартал во Бугарија, каде дури 39,8 отсто од испитаниците многу тешко или тешко врзувале крај со крај.

Словачка, Италија и Франција се исто така вклучени во групата земји со повеќе од 20 отсто од испитаниците кои тешко ги покриваат основните трошоци.

Најмал удел има во Финска, каде што изнесува 11 проценти. Истражувањето покажало и дека дури 40,5 отсто од Финците многу лесно или лесно ги покриваат основните трошоци.

Следуваат Австрија и Франција, каде нешто помалку од четвртина од испитаниците немале проблеми со финансирањето на основните потреби.

Најмал дел од нив има во Бугарија, каде што изнесува нешто повеќе од три проценти.

Учеството на жителите во поволна финансиска позиција е помало во девет земји во вториот квартал отколку на почетокот на годината, а во Италија е речиси непроменето. Најмногу е намален во Словенија и Австрија, за 4,4, односно четири процентни поени.

Мнозинството од испитаниците изјавиле дека нивните приходи во набљудуваниот период биле непроменети, па дури и зголемени, забележува Еуростат.