Царовска: ВМРО-ДПМНЕ нуди намалување на минималната плата, Муцунски: Три години имаме пад на животниот стандард

90

ВМРО-ДПМНЕ во својата програма нуди минимална плата од 60 отсто од медијалната плата, што изнесува 13.000 денари, а тоа значи намалување на сегашната минимална плата од 14.500 денари, која СДСМ ја зголеми за 60 проценти за само 2,5 години, истакна носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во првата изборна единица и потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, во дебата во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Таа додаде дека СДСМ изминатите години им помагаше и на комапниите и на работниците.

– Зголемувањето на  минимална плата за 60 отсто на 14.500 денари директно влијае на квалитетот на живот на најсиромашните, 90.000 работници од трудоинтензивните сектори добија повисока плата. За 5.000 денари порасна просечна плата, стандардот расте, а истовремено ги поддржавме и комапниите за да бидат одржливи, истакна Царовска во дебатата со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ во истата изборна единица Тимчо Муцински.

Таа додаде дека сега 120.000 илјади лица добиваат социјална помош повисока за 300 отсто, како и  детски и образовен додаток, за 2,5 години невработеноста е намелана на историски ниска стапка, младинската невработеност падна за 13 проценти и сето тоа е направено во услови на наследена економија во минус 1,8 отсто, која сега е издигната на 3,6 отсто.

Бројките не може да се демантираат на ниту еден начин, порача носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во првата изборна единица, потпретседателката на СДСМ Мила Царовска.

Муцунски од своја страна изкави дека според економските статистики од ММФ во последниве три години сме биле единствена земја во регионот која има пад на животниот стандард, а граѓаните живеат се посиромашно.

Ние во последните три години сме единствената земја во нашиот регион којашто има пад на животниот стандард, тоа го вели ММФ, падот е 0,1 процентен поен, додека сите земји во регионот растат со минимум 1,5 процентен поен од 2017 година до 2019 година, посочи Муцунски.

Тој вели дека имаме пад од над 10 отсто на странските директни инвестиции и бројките што се прикажуваат како странски директни инвестиции се всушност реинвестирана добивка.

Според Муцунски, граѓаните живеат посиромашно и имаме се помалку продуктивна економија.

– Затоа планот на ВМРО-ДПМНЕ е намалување на даноците, масовно зголемување на капиталните инвестиции, создавање на добра деловна клима и враќање на Македонија на сите листи кои странските инвеститори ги ценат, преку регулаторна гилотина и создавање на услови за инвестирање. Ќе понудиме вистински промени, ниски даночни стапки и развиена економија, заврши Муцунски.

Според него, случајот Рекет е класичен пример за режијата која постои во правосудството од страна на власта.

Извор:МИА