Шпанскиот суд утврди дека постојат доволно докази за тоа дека 45 годишниот маж е биолошки син на легендарниот пејач Хулио Иглесијас.

Судијата го зеде како доказ одбивањето на Иглесијас да направи генетско тестирање, по што во овој судски процес пресуди во корист на 45 годишниот Хавиер Санчес, кој го тужеше познатиот пејач за утврдување на татковство.

Во објаснувањето на судијата се наведува дека постоела интимна врска помеѓу Хулио Иглесијас и мајката на Санчес. Времетраењето на оваа врска се поклопува и со датумот на кој е заведена бременоста на мајката.