Ѓуро Хорват е сопственик на хрватската компанија „Техникс“  на сите свои вработени им упатил допис дека ќе ги казнува доколку завршат во самоизолација. Како што пренесува пренесува „Јутарњи лист“,тој оваа одлука је донел поради несериозното и нодговорното однесување на некои од вработените во врска со коронавирусот.

„Почитувани работници! Со оглед на тоа дека секој ден ситуацијата со ковид-19 е сè полоша, ве известувам дека компанијата „Техникс“ ќе воведе сопствени капацитети за престој во самоизолација, така што сите кои со своето невнимание ќе се доведат во таква состојба, ќе бидат изолирани во хотелот „Краљ“. Лицето кое ќе биде во самоизолација ќе биде дестимулирано во износ од 10 отсто од платата. Мораме да бидеме свесни дека со своето однесување надвор од фирмата не се загрозувате само себеси и домашните, туку и колегите на работа и со тоа се доведува во опасност и стабилноста на компанијата и задржувањето на работните места. Вашиот директор: Ѓуро Хорват“, стои во дописот до вработените.

Директорот се обидел да ги објасни своите ставови во телевизиска емисија на „ХРТ“: „Донесовме мерка за дестимулирање на луѓето кои се во таков однос кон сопственото здравје и кон компанијата затоа што нѝ недостасуваат 20 луѓе.

Истовремено, тие пари ги насочуваме на оние вработени и менаџери кои се здрави и кои одговорно се однесуваат, сакаме микроорганизација на свеста на сопствена одговорност. Сите мораме да се вклучиме, секоја локална заедница, компанија“, рекол Хорват.

Исто така е потврдено дека неговата компанија навистина ги казнила со 10 отсто од плата оние кои завршиле во самоизолација. „Неодамна им скусивме 10 отсто од платата. Сметаме дека тоа е плод на несериозност, неодговорно однесување. Ако човек оди од кафуле до кафуле, ако сам го предизвикува тој дел од нездравиот живот, тогаш мора и самиот да сноси еден дел од одговорноста“, додал директорот.