Хрватска живее од ГАСТАРБАЈТЕРИТЕ како ниедна друга земја во ЕУ

175

Од сите земји-членки на Европската унија (ЕУ), Хрватска е најзависна од приватни дознаки од нејзините граѓани кои живеат и работат или само работат во странство, а тие ја надминаа вредноста од седум отсто од хрватскиот БДП.

Во 2021 година, нејзините емигранти уплатиле 4,25 милијарди евра на приватни сметки во Хрватска, објави Европскиот статистички институт. Летонија и Романија се далеку зад Хрватска со учество на приватни плаќања во националниот БДП од три проценти.

Во однос на трансферите, Хрватска е рамо до рамо со Србија, а поголема важност на приватните дознаки за националната економија и БДП имаат Косово (18 проценти), Црна Гора (10 проценти), Босна и Херцеговина (10,5 проценти) и Албанија. За споредба, приватните дознаки од странство сочинуваат само 1,2 отсто од БДП на Словенија.

Странците вработени или доселени во Хрватска во 2021 година испратиле во своите земји 534 милиони евра, од кои 226 милиони евра биле исплатени на една од членките на ЕУ, а 308 милиони евра на трети земји. Приватните дознаки во Република Хрватска паднаа во 2020 година, но во 2021 година го надминаа износот од предпандемиската година, пишува Вечерњи лист.