Хрватска без Ракитиќ на најважниот меч

74

Хрватскиот селектор Златко Далиќ потврди дека Иван Ракитиќ нема да биде во составот на хрватската фудбалска репрезентација на дуелот со Словачка во Ријека, кој за светските вицешампиони е клучен во квалификациите за Европското првенство.

Играчот на Барселона дојде во Загреб да се поздрави со селекторот и колегите од националниот тим, но има воспаление на ахиловата тетива, и мора да одмора барем една недела, па веднаш се врати во Барселона, каде треба да ја продолжи терапијата. На Хрватите им треба најмалку бод за да го освојат првото место.

  • Многу ми е жал што нема да играм, со нетрпение го чекав овој меч со Словаците. Уверен сум дека момчињата ќе успеат и без мене. И во Словачка победија без мене, верувам дека така ќе биде и сега, рече Ракитиќ.