Двократниот шампион во Регионалната СЕХА лига и вицешампион во Лигата на шампионите, тимот на Веспрем го официјализираше договорот со шпанскиот интернационалец Хорхе Македа. Македа потпиша двегодишен договор и повтороно ќе соработува со шпанскиот стратек Давид Дејвис, со кого имаше одлична соработка во тимот на Вардар.

Македа кариерата ја почна во Барселона од каде се пресели во Алкобендас, а потоа во Арагон. Неговиот прв ангажман во странство беше во 2012 година во Нант, од каде по три години се пресели во Вардар, за во 2018 година да заигра за Пик Сегед.

Шпанецот минутажата ќе ја дели со Јахја Омар и Кент Робин Тонесен.