Хороскопските знаци познати по тоа што влегуваат во врска само за да не бидат сами

103

Овие знаци знаат да влезат во врска поради тоа што не знаат да се справат со чувството на осаменост, па не е ни чудо што неретко одлучувачки фактор во промената на нивниот љубовен статус е всушност потребата од внимание.

Овен
Родените во овој знак сакаат да бидат на врвот, без разлика дали на професионален или личен план. Тие можат да бидат во врска со некого само за да бидат популарни или да покажат дека успеале да добијат таков улов. Така, тие би можеле да „паднат“ на некого само врз основа на нивната популарност, а не на карактерните особини.

Близнаци
Близнаците имаат потреба да бидат опкружени со луѓе. Не им се допаѓа идејата да бидат сами. Така, во борбата против нивната осаменост, тие можат да влезат во љубовна врска. Тие се вљубуваат во скоро секој со кој се дружат, само за да не се чувствуваат осамено.

Рак
Бидејќи Раковите се чувствителни, тие лесно ќе паднат на некој што ќе им посвети најмало внимание и љубов. Тие стануваат многу приврзани за нив и на крајот завршуваат со скршено срце бидејќи дознаваат дека тоа било само „играње со нивните чувства“.

Стрелец
Тие сакаат некој кој ќе им даде слобода. Тие сакаат некој што нема да ги гуши. Тие секогаш паѓаат на недопирливите кои не покажуваат интерес за нив.