Хорор во Мексико: Во бунар откриени човечки останки на 44 лица

119

Во мексиканската сојузна држава Халиско откриени се човечки останки на 44 лица. Според веста на „Би-би-си“ (BBC), во почетокот на месецот на периферијата од градот Гвадалахара во 119 кеси се пронајдени коски на 44 лица.

Властите информираа дека поголемиот дел од телата биле пронајдени распарчени на делови. Официјалните лица соопштија дека истрагата започнала откако локалното население се пожалило на неподнослива миризба.

Во меѓувреме, локална организација која се занимава со истраги за исчезнати лица, упати повик до властите во регионот да испратат поголем број експерти за откривање на идентитетот на жртвите.

Инаку, во мексиканската држава Халиско дејствуваат најбезмилосните наркобанди во земјата.