Лендарниот американски боксер Ивандер Холифилд, имаше неславно враќање во рингот по десет години. Тој беше поразен со технички нокаур во првата рунда од страна на Бразилецот Витор Белфорт, поранешен УФЦ шампион во полутешка категорија.

-Тоа момче е многу сило, но не бев повреден. Ниеден удар не ме повреди, ме погоди додека бев надвор од рамнотежа. Не сум повреден. На некој начин ова е многу тажно, изјави Холифилд, кој е единствен во историјата кој беше неприкосновен шампион во две тежински категории, во крузер и тешка.

Ова е 11. пораз во кариерата за поранешниот шампион, а последната борба ја имаше пред десет години.

Белфорт му се заблагодари на Холифилд и откри дека планира да продолжи да се бори.

-Спремете се боксери, мора да дојдете во мојот свет. Шампиони, не се плашите од конкуренцијата, кажа Белфорт и на дуел го предизвика Џејк Пол, јутјуб ѕвезда и момче кое во меѓувреме стана боксер.

Холифилд, пред неколку месеци преговараше да влезе во рингот со Мајк Тајсон, но не успеаја да се договорат. Двајцата бксери имаат и бурно минато, која на почетокот од деведесетите години во нивната меѓусебна борба Тајсон му го одгриза увото на Холифилд, по што веднаш беше дисквалификуван.