Хименез поблиску до Манчестер

110

Британските медиуми се убедени дека најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, има најголеми шанси за да ги осигура услугите на мексиканскиот интернационалец од редовите на Вулверхемптон, Раул Хименез. Благодарение на одличните игри во актуелната сезона, поранешниот фудбалер на Бенфика го привлече вниманието и на раководните лица на италијанскиот калчо гигант Јувентус. Сепак, Хименез ќе добие дозвола за да ја промени средината само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 100 мил. евра.