Германската манекенка Хајди Клум има 48 години, но многу помлади девојки би можеле да и завидат на линијата. Таа е позната во Германија, но поради одредени фотографии стигна до медиумите ширум Стариот континент. Претходно, позираше полугола во чест на успехот на Баерн од Минхен во Лигата на шампионите.

Сега тоа го прави во чест на германската фудбалска репрезентација. Манекенката, актерка и поранешен модел на „Викторија Сикрет“ одлучи да објави мотивациска фотографија за германските играчи.

Таа позираше полугола со обележја на германската репрезентација, но тоа не беше доволно за избраниците на Јоаким Лев, бидејќи на првиот меч претрпеа пораз од Франција со 1:0.

Поранешните светски шампиони имаат натпртевар против Унгарија и Португалија, а Хајди верува дека играчите можат да ја оправдаат улогата на фаворит и да се пласираат во осминафиналето на Европското првенство.