Хампус Ване потпиша со Барселона

31

Шведскиот репрезентативец Хампус Ване потпиша договор до 2025 година со екипата на Барселона. Едно од најдобрите леви крила на денешницата ќе биде конкуренција за Аитор Арињо. Каталонците завршија голема работа и дополнително го засилија ростерот во пресрет на новата сезона.

Швеѓанецот стави крај на долгата авантура во Фленсбург, каде играше девет сезони. Сега е подготвен да му се приклучи на европскиот првак и да тргне во поход кон големи трофеи.

Ване беше еден од најдобрите во репрезентацијата на Шведска на патот до златниот медал на Европското првенство оваа година.